Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан

На 100 дена од мојот мандат како градоначалник на Скопје покажавме дека Скопје знае и ќе оди напред. Ова е само почеток, порача вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на отчетот на 100 дена од мандатот под мотото „Скопје го градиме заедно“.
- Стојам пред вас пред се како човек кој ја презеде најтешката работа - Скопје да се извлече од хаосот и долговите коишто биле наталожувани од расипничкото владеење. Наследивме урнат град, институции без ред и дисциплина, систем што одамна престанал да работи. Влеговме директно во срцето на проблемот на градот, во секоја девастирана пора што ни ја оставија. Затекнавме град претворен во депонија, расипани машини, автобуси затворени во гаражите и сето тоа збогатено со долг од речиси 300 милиони евра. Целосен колапс без преседан. Но, како тим добивме нешто посилно од се, а тоа е довербата од Скопјани. Си дадов збор дека таа доверба никогаш нема да ја изневерам и дека ќе работиме често и одговорно докрај, рече Ѓорѓиевски вечерва во Македонската филхармонија.
Посочи дека во изминатите 100 дена намален е долгот за повеќе од 40 милиони евра преку кратење на непродуктивните трошоци и зголемување на приходите преку финансиска дисциплина. Напомена дека за два месеца решен е проблемот со неисплата на платите на вработените во јавните претпријатија, а во тек е и ревизија и реорганизација на градската управа која според него, треба да биде ефикасна и во служба на граѓаните.
Во следниот период најави кружни текови кон центар и пуштање на првата подземна сообраќајница, изградба на монтажни гаражи од кои првите ќе се градат во кругот на Клиничкиот центар, решавање на проблемот со уличните кучиња, проширување на капацитетите на Лајка, изградба на зелени површини, соодветен третман на депониите....
МИА
Ново на Сител
-

Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука
-

18-годишник од тетовско најпрво истепал соселанец, а потоа го удрил со автомобил
-

ПМФЛ: Вардар со гол во судиското надополнување ја совлада Брера
-

Сиљановска-Давкова: Можеме и мораме да направиме се што е во наша моќ ваквите трагедии никогаш повеќе да не ни се повторат
-

18-годишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Чаир
-

Работник починал по пад од висина во Скопје
-

Македонските институции и македонскиот здравствен систем соодветно се справи со трагедијата во Кочани
-

Томовски: По трагедијата во Кочани, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно
