Германските фирми губат милиони - работниците во работно време гледаат фудбал

Одлучувачкиот натпревар помеѓу Германија и Јужна Кореја би можел германската економија да ја чини помеѓу 130 и 200 милиони евра, бидејќи се играше во период на работно време во Германија, јави медиумската група Функе.
„Ако секој втор вработен кој се наоѓа на своето работно место, во тој момент го гледа натпреварот и не остане подолго на работа за да го надокнади пропуштеното, тоа германската економија би ја чинело помеѓу 130 и 200 милиони евра“, јави Функе групата, повикувајќи се на истражување на Институтот за германската економија.
Сличен феномен веќе е воочен и на последните големи фудбалски натпреварувања.
Сепак, експертите истовремено го истакнуваат и аспектот на заедништво „Team building“, кој се создава за време на заедничкото слење на натпреварите, што повторно, според нив, може да создаде позитивни ефекти на продуктивност.
Ново на Сител
-

Лавров не ја гледа ЕУ како соодветен партнер за мировни преговори
-

Поранешните директори на Онкологија Васев и Нухи излегуваат од притвор, прифатена гаранцијата со хипотека на имот
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
-

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами
-

Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?
-

Откажани преговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија
-

Јавна расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри
