Германски министер ја критикува УЕФА
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ја критикуваше Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поради одлуката да дозволи зголемување на бројот на гледачи на стадионите на кои се игра ЕУРО2020, игнорирајќи го притоа брзото ширење на делта сојот на коронавирусот.
Германскиот министер ја нарече одлуката на УЕФА „крајно неодговорна“.
– УЕФА се води од комерцијални причини, кои не би требало да бидат над здравствените проблеми, изјави Зехофер.
Тој истакна дека одлуката да се играат натпревари пред 60.000 гледачи, колку што УЕФА дозволи на лондонскиот стадион „Вембли“ за самата завршница на ЕУРО2020, неизбежно ќе води кон раст на бројот заразени со коронавирус, особено поради брзото темпо со кое се шири делта сојот.
Шкотските власти пријавија вчера речиси 2.000 случаи на коронавирус поврзани со натпреварите на ЕУРО2020, додека Финска објави дека околу 300 луѓе биле позитивни на вирусот, откако се вратиле од Санкт Петерсбург каде го следеле натпреварот на финската репрезентација
Ново на Сител
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
