-->
-->
Германија со максимални десет победи се пласира на СП во Русија
-->

Фудбалската репрезентација на Германија без ниту еден изгубен бод, со десет победи на десет натпревари ги заврши квалификациите за
Светското првенство што следната година ќе се игра во Русија.
Во 10.коло, актуелниот светски шампион го победи Азербејџан за потврда на првото место во групата Ц.
Покрај Германија која обезбеди учество на Мундијалот 2018, од оваа група Ц шанса за пласман преку бараж ќе има Северна Ирска која синоќа во дуел без големо значење загуби од Норвешка со 1:0.
Десеттата рунда беше комплетирана со натпреварот Чешка – Сан Марино кој заврши со победа од 5:0 за чешката репрезентација.
Табела: Германија 30 бода, Северна Ирска 19, Чешка 15, Норвешка 13, Азербејџан 10, Сан Марино 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице
-

Предлог-измените за пролонгирање на рокот за ДДВ за стан го поминаа собранискиот филтер
-

Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
-

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели
-

Гаши: Апелирам да се најде политичка волја за договор за избор на Народен правобранител
-

Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Танзанија
-

Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво
