Германија „под клуч“
![]()
Во Германија од денеска почна примената на остар карантин, а министерот за здравство Јенс Шпан најави дека вакцинацијата ќе почне следната недела.
По вторпат годинава во Германија е прекинат јавниот живот, со исклучок на продавниците за храна и други секојдневни неопходни производи, сите продавници се затворени до 10 јануари, како и училиштата и градинките.
Пред „заклучувањето“, министерот за здравство, Јенс Шпан соопшти дека вакцинацијата ќе почне следната недела и оцени дека тоа е добар сигнал.
Тој истакна дека, според сегашните информации, ЕУ ќе ја одобри првата вакцина пред католичкиот Божиќ на 25 декември.
После тоа, вакцинацијата ќе започне во рок од два до четири дена, прецизира тој.
Во Германија веќе се подготвени центри за вакцинација и прво тие ќе добијат вакцини од договорот на ЕУ за заедничка набавка, а дури после тоа ќе пристигнат испораките од билатералниот договор со производителот.
Германија си обезбеди дополнителни 20 милиони вакцини од БионТек.
Шпан претходно изјави дека до крајот на следното лето, околу 60 проценти од граѓаните ќе бидат вакцинирани.
Сепак, германската Влада не очекува ситуацијата брзо да се смири.
Германската канцеларка Ангела Меркел вчера предупреди дека јануари и февруари ќе бидат тешки пандемски месеци.
Претседателот на институтот Роберт Кох, Лотар Вилер истакна дека ситуацијата е посериозна од кога и да е уште од почетокот на пандемијата.
Со заклучувањето, Германија сака да го запре ширењето на вирусот, а целта е во рок од една недела да се намали бројот на новоинфицирани на 100.000 жители на максимум 50, а во моментов е над 173.
Само за време на Божиќ, од 24 до 26 декември, ќе има одредено олеснување.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека огромно мнозинство граѓани, како и млади на возраст меѓу 18 и 29 години, поддржуваат заклучување.
Ново на Сител
-

Во Кривичен денеска пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата од 2 март
-

Скопје домаќин на Регионална министерска конференција за демографските предизвици
-

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, во официјална посета на земјава
-

Иран го разгледува американскиот предлог додека Трамп вели дека војната ќе заврши „брзо“
-

Евакуацијата од крузерот погоден од хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе
-

Федерален судија објави наводна проштална белешка на Џефри Епстин
-

Променливо облачно време со повремен локален дожд и ветер од јужен правец
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
