Германија ќе ја брани својата чест во спорот со Турција

Германија нема да се откаже од правото да ја брани својата чест во спорот со Турција, од каде властите во Берлин беа обвинети дека спроведуваат нацистички политики, изјави за германските медиуми денеска Петар Алтмаер, шеф на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел .
Анкара минатата недела ја обвини Германија дека со забраната за турските политичари да учествуваат на митинзи поврзани со референдумот за поглеми уставни овластувања на претседателот Ердоган се однесува исто како нацистите на Хитлер.
„Сите германски партии имаат став дека земјта има чест и таа ќе ја брани својата чест. Споредбата со нацистичките практики е неприфатлива“, изјавил Алтмајер кој во германската влада е одговорен за решавање на прашањата поврзани со бегалската криза.
И покрај најавите од Анкара дека Турција каде сега има три милиони бегалци би можела да пропушти огромен број мигранти кон Европа Алтмаер не е загрижен за иднината на спроведувањето на договорот ЕУ - Турција за запирање на приливот на азиланти кој беше потпишан пред една година. Според него овој договор е важен и за Турција. Со него обезбедуваме бегалците да останат во регионот а Турција не може сама да се справи соовој предизвик.
Во врска со нападите од Анкара денеска реагираа и портпаролката на владата во Берлин Улрике Демер која изјави дека владата многу внимателно го следи ова прашање и го задржува ставот дека ова однесување на Турција е погрешно, јавува дописникот на МИА од Берлин..
Реакција пристигна и од министерството за надворешни работи од каде се додава дека Берлин нема интерес да влезе во спирала на взаемни провокации кои што се креирани со цел да се засили поддршката за претседателот Ердоган на референдумот закажан на 16 април.
„Кој ќе има корист ако ние возвраќаме со иста мера или ако одговараме користејќи го истиот јазик како и турскиот претседател“, изјави денеска портпаролот на германското МНР Мартин Шефер кој вели дека Германија не е наивна за да разбере дека најголема корист од вербални препирки ќе има Ердоган но дека ако Турција претера владата ќе реагира соодветно.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
