Германија доби поддршка од 15 земји за нов договор за вооружување со Русија

Петнаесет европски земји го поддржаа предлогот на Германија за нов договор со Русија за контрола над оружјето, соопшти германскиот министер за надворешени работи Франк-Валтер Штајнмајер.
- Европа е во опасност. Колку и да е тешко ние имаме потреба од повеќе дијалог со Русија, а не од помалку, нагласи тој во интервјуто за весникот „Ди Велт“.
Социјалдемократот Штајнмајер, кој е кандидат за претседател на Германија на изборите следната година, идејата за договор за вооружувње со Русија прв пат ја даде во август минатата година.
Целта, според него, е да се спречи ескалацијата на тензиите во Европа.
Петнаесет земји - сите од нив членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ја поддржаа иницијативата на Штајнмајер.
Оваа група има намера денеска за излезе со заедничка декларација, како и да одржи средба за време на Министерскиот фурум на ОБСЕ на 8 и 9 декември во Хамбург.
Германскиот министер за надворешни работи ги повика и останатите земји да ја поддржат иницијативата за нов договор за вооружување со Русија.
Ново на Сител
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
