Генералниот секретар на НАТО Руте пристигна во Скопје

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на скопскиот аеродром го пречека генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој е во официјална посета на земјава.
- Чест ми е да му посакам добредојде на Генералниот секретар на НАТО, Mark Rutte. Во време на сериозни безбедносни предизвици од особено значење е заеднички да придонесуваме за безбедноста, мирот и стабилноста, напиша Мисајловски на Фејсбук.
Од скопскиот аеродром Руте заедо со својата делегација се упати кон Вила Водно каде негова домаќинка ќе биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Предвидена е и заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и Руте.
Генералниот секретар на НАТО ќе има средба и со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.
Руте ќе ја посетi и касарната „Илинден“ каде што ќе присуствува на презентацијата на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) na Armijata и на дел од опремата на оваа единица.
На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од Министерството за одбрана.
Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија.
Во 2023 година во официјална посета на Македонија престојуваше тогашниот прв човек на НАТО, Јенс Столтенберг.
МИА
Ново на Сител
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
-

Сообраќајка помеѓу 4 автобили во Скопје, повредени повеќе лица
-

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
-

Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот
-

Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници
-

Кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош | ФОТО
-

Собранието избира министер без ресор, Мицкоски порача дека институциите се отворени за сите со знаење и подготвеност за одговорност
