Гаши: Значајните историски датуми се потсетник дека треба да дејствуваме заедно во градење современа и просперитетна држава
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба.
-Со формирањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година се создадени основите на организираната борба за слобода и за независност. Континуираната борба и непокор низ децениите што следеа резултираше со создавање држава, во која денешните генерации ги живеат плодовите на самостојноста и на демократијата, истакнува Гаши.
Денешната генерација во нашата држава, како што посочува претседателот на Собранието, се соочува со поинакви искушенија и е исправена пред други цели.
- Наша стратешка цел сега е полноправното членството во ЕУ и понатамошното етаблирање во НАТО како рамноправна земја – членка. Предизвик за нашата генерација е постојано да ги унапредуваме демократските процеси, стандардите во здравството, образованието и во науката, владеењето на правото, економските и социјални текови и рамноправноста меѓу граѓаните, без разлика на национална, верска, родова или политичка припадност, вели Гаши.
Претседателот на Собранието во честитката потенцира дека значајните датуми од историјата на нашите народи се наш потсетник дека треба да дејствуваме сплотено во градење современа и просперитетна држава.
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
