Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки

И во новата сезона, едно од имињата кое ќе биде задолжено за сигурноста меѓу стативите на голот на РК Алкалоид е македонскиот репрезентативец Иван Галевски.
Подготовките со клубот во Маврово течат во полн ритам, а очекувањата од сезоната и на личен и на тимски план секогаш се највисоки, согласно со амбициите на клубот.
-Повторно сме заедно, работиме напорно и сега ни следи еден подготвителен период, преку кој се подготвуваме на технички и тактички план. Знаеме дека овие тренинзи и активности малку се потешки од вообичаеното, но мора да работиме и да ги следиме задачите на тренерот за да дојдеме до посакуваното. Работиме на сите сегменти на играта, се подготвуваме и кондициски, но мора овој ритам да го издржиме, затоа што сакаме да ја доживееме таа кулминација и да бидеме во посакуваната висока форма на крајот на месец август кога ни следи тежок старт на сезоната. Нашите амбиции се јасни, оваа екипа е составена да победува, па така ќе одиме на победа на секој натпревар во сезоната и да го прикажеме најдоброто од нас, изјави Галевски за клупскиот сајт на Алкалоид.
Тимот од Автокоманда мината сезона ја заврши на третата позиција во македонското првенство и го освои трофејот во Европскиот куп.
МИА
Ново на Сител
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
