Габриел ги повика на дијалог земјите од Персискиот Залив

Германскиот министер за надворешни работи Зигман Габриел, кој денеска ја започнува турнејата во три арапски земји во Перскискиот Залив, ги повика синоќа учесниците во регионалната криза да остварат сериозен дијалог.
- Веќе неколку недели братски и соседски земји од Арапскиот Полуостров се навлезени во кофликт, што предизвикува загриженост, нагласи Габриел, кој ќе ги посети Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар.
- Ние сме загрижени од фактот што недовербата и недостигот на единство може да ги ослабат сите страни, како и Полуостровот во целина, додаде германскиот министер за надворешни работи.
Реонот на Перскискиот Залив се соочува со тешка дипломатска криза од почетокот на минатиот месец, откако Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа односите со Катар, обвинувајќи го за поддржување на меѓународен тероризам и соработка со Иран.
- Го поддржуваме целосно напорите на емирот на Кувајт за посредништво, истакна Габриел.
Тој нагласи дека е нопходен сериозен дијалог меѓу земјите, со цел да се најде решение за кризата преку преговори.
Германскиот министер за надворешни работи посочи дека Берлин не зазема страна, но дека конфликтот ги засега и германските интереси.
- Ова се однесува како на борбата против екстремистичката група Исламска држава, така и на стабилноста на еден регион погоден од кризи, тензии и војна, што во иднина ќе се соочи со големи економски и социјални предизвици, заклучи Габриел.
Ново на Сител
-

Со фалсификувани пари се обиделе да платат за гориво, приведени две лица
-

Ѓорѓиевски за Божик: Секој нов ден биде благословен со успеси, спокој и вера во подобро утре
-

Пообилни врнежи од дожд попладнево и во текот на ноќта, а на планините од снег
-

Снег со среден интензитет на Попова Шапка, сообраќајот по влажни коловози
-

Мицкоски за Божиќ: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца
-

Сиљановска-Давкова: Божик е повик да погледнеме кон себе, да го разбудиме човечкото во нас, добрината, надежта
-

Џонов: Противниците на Европското се екстра квалитетни
-

Орбан: Пред нас е глобална трансформација, 2026 година започна со опасни тензии
