Фудбалската легенда Џорџ Веа со најголем број гласови по првиот круг од претседателските избори во Либерија

Поранешниот славен фудбалер Џорџ Веа освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори во Либерија, покажуваат конечните официјални податоци, соопштени од Изборната комисија.
Околу 600.000 гласачи гласаа за Веа, или 38,4 отсто од гласовите. Неговиот главен ривал - потпретседателот Џозеф Боакај - е на второ место со 28,8 проценти од гласовите. Тие ќе ја продолжат претседателската трка во вториот круг, што ќе се одржи следниот месец.
Адвокатот Чарлс Брумскине и поранешниот командант од граѓанската војна Принс Џонсон се на трето и четврто место, со освоени 9,6, односно 8,2 проценти од гласовите.
Во првиот круг учествуваа вкупно 20 кандидати. Одѕивот изнесуваше 75,2 проценти.
На парламентарните избори, спроведени паралелно со гласањето за претседател, победи Коалиција за демократска промена, предводена од Веа, која освои 21 пратеничко места. Владејачката Партија на единството на актуелниот претседател Елен Џонсон-Сирлијф доби 18 места во 73-члениот Долен дом на парламентот.
Џорџ Веа, своевремено беше еден од најдобрите фудбалери во светот, има освоени повеќе титули во Италија и Франција, прогласен е за африкански фудбалер на векот и е првиот играч од Африка кој ја доби Златната топка.
Веа кој во кариерата настапуваше за Челси, Манчестер Сити, Монако, ПСЖ и Милан, откако ја заврши фудбалската кариера, се посвети на политиката.
Ново на Сител
-

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци
-

САД изразија „сериозна загриженост“ по однос кинеското тестирање балистичка ракета
-

Нова средба во Собранието за Изборниот законик
-

Комисијата за финансирање и буџет ја почнува амандманската расправа за ребалансот - поднесени 224 амандмани
-

Сиљановска Давкова учествува на Самитот на НАТО во Анкара
-

СП 2026: Шпанија во судиското продолжение ја совлада Португалија за четвртфинале
-

Сончево и топло до 36 степени, попладне можни дожд и грмежи
-

ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни
