-->
-->
Фудбалер на Дерби избоден со нож
-->

Дефанзивецот на Дерби каунти Андре Виздом е во болница во Ливерпул откако бил избоден на улиците на овој град при посета на роднини.
Виздом играше за Дерби во саботата, по што бил на посета на негов роднина во квартот Токстет и при одењето кон неговиот автомобил бил нападнат со нож и сега е во болницата во Ливерпул.
„Дерби каунти потврдува дека Андре Виздом бил жртва на напад и грабеж. Тој има повреди и е во болница, но е во стабилна состојба. Полицијата го истражува случајот“, велат од Дерби каунти.
Виздом беше дел од јуниорските школи во Ливерпул, пред да замине во Дерби во 2017 година, откако претходно беше позајмен фудбалер на овој клуб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
