ФТЦ го казни Фејсбук со пет милијарди долари

Федералната трговска комисија (ФТЦ) на САД и Фејсбук усогласија казна за социјалната мрежа во висина од пет милијарди долари поради незаконско споделување лични податоци на 87 милиони корисници со британската фирма „Кембриџ Аналитика“, објавија некои американски медиуми.
Во договорот за исплата на највисоката парична казна за некоја технолошка компанија досега, се наведуваат и други ограничувачки мерки во работата на социјалната мрежа.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, паричната казна наложена од ФТЦ берзите ја примија како добар знак за Фејсбук – откако се прошири информација за тоа акциите на компанијата се зголемија за два отсто.
Од Фејсбук претходно посочија дека биле измамени од „Кембриџ Аналитика“ која ги користела податоците на корисниците за политички проекти. Неодамна, Конгресот на САД соошти дека компанијата споделувала кориснички податоци со 52 компании.
Основачот на социјалната мрежа, Марк Закерберг, призна дека биле направени сериозни грешки во заштита на личните податоци и приватноста на корисниците.
Ново на Сител
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
