-->
-->
Французите најдобри во тимската комбинација на СП во Сент Мориц
-->

На Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Сент Мориц денеска се одржаа тимските натпревари во комбинирани состави.
Селекцијата на Франција во состав, Теса Ворле, Алекси Панторо, Аделнин Муњие и Метју Февр го освоија златниот медал. Иако во четирите дуели против селекцијата на Словачка двата тима имаа по две победи, сепак на крајот пресуди севкупното постигнато време во кое Французите за 8 стотинки имаа подобар резултат од Словаците.
Во малото финале, односно дуелот за бронзениот медал шведските скијачи извојуваа три победи во дуелите со Швајцарците, па на крајот Швеѓаните беа оние кои го освоија сетот на бронзени медали.
Утре е слободен ден на шампионатот, а во четврток (16 февруари) во велеслаломските квалификации ќе настапат шестмината македонски претставници (Антонио Ристевски, Лука Божиновски, Дардан Дехари, Воислав Синадиновски, Марјан Нашоку и Виктор Петров).
Тоа ќе биде увертира во главната женска трка во истата дисциплина во која свој настап ќе има единствената дама од Македонија, Лидија Симјановска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Власта донесе катастрофа во земјоделството
-

Од денеска специјална лента само за МТАГ
-

Моника Белучи: Не вреди убавината доколку нема талент за глума
-

САД и Иран постигнаа договор за крај на војната, нафтата падна под 84 долари
-

ЕУ го поздрави договорот меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија
-

„Јажето, луѓе!“: Манекенка загина при банџи скок во Бразил, инструктори го заборавиле безбедносното јаже | ВИДЕО
-

Трамп остро го критикуваше Нетанјаху по израелските напади во Бејрут
-

Украина и Молдавија отвораат преговори за членство во ЕУ, Црна Гора затвора нови поглавја
