Свет
22. July 2015 - 22:01

Француските земјоделци ја блокираа западна Франција

Француските земјоделски и сточарски производители незадоволни од цените за нивните производи, кои, како што тврдат, не им покриваат ни производните трошоци, го блокираа речиси целиот западен дел на Франција, посебно Нормандија и Бретања.

Француската Влада за да одговори на нивните барања се мобилизира, ветувајќи помош од 600 милиони евра, кои очигледно нема да бидат доволни за да ги задоволат земјоделците. Блокадите во долна Нормандија, започна да се отсрануваат по дијалогот и ветувањата дадени од владата, но од друга страна нови блокади се највени во регионот на Лион.

Спорот со цените на земјоделските и сточарските прозводи се пресели и во Националнлото собрание, каде дојде до жестока вербална расправа меѓу премиерот Мануел Валс и шефот на опозициската политичка група на Републиканците, Кристијан Жакоб.

Жакоб ја обвини Владата дека од пред три години не донела стратешки мерки за аграрот, дека не видела оти кризата тлее од пред шест месеци и дека ветените 600 милиони евра помош се „мерки за комуникација, маскарада, лага“.

На овие обвинувања, Валс одговори дека говорот што го користи шефот на опозицијата во Парламентот не е достоен за поранешен министер и за лидер на опозицијата, обвинувајќи го Жакоб дека со ваквите настапи само го поддржува популизмот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој директно се вмеша во оваа расправа, утре се очекува да го посети Дижон, каде ќе треба да се сретне со земјоделските прозиводители по највените урегнетни мерки на помош.

Тој преходно интервенира, барајќи од дистрибутерите – супермаркетите и откупувачите на земјоделските производи да ја преиспитаат политиката на цените, која секогаш бара се поголеми и поголеми отстапки од производителите.