Францускиот институт презентира тримесечна културна програма

Францускиот институт во Скопје денеска ја промовираше тримесечна програма во која во фокусот се филмови, книги, дебати, изложба, гастрономија, но и младите во професионален контекст.
Првиот настан што е организиран е во понеделник на 23 јануари по повод одбележување на Елисејскиот договор и француско-германското помирување што ќе се одржи во Кинотека на Македонија. Во рамки на настанот ќе биде прикажан филмот „Франц“ на Франсоа Озон, со Пјер Нине и Поле Бер.
Директорката на Францускиот институт Изабел Марки-Барбо ја презентираше програмата јануари-март „Културни патеки“ во која доминираат настани за млади и студентите, за уметноста и науката.
На 24 февруари ќе биде отворена новата сезона на францускиот кино-клуб со филмот „Љубовни песни“ на Кристоф Оноре во Кинотеката на Македонија. Во Битола на 10 март ќе биде отворена изложба на фотографии „Божествена убавина“, на која ќе биде претставена сликарската црковна уметност на Нормандија.
Марки-Барбо истакна дека во Македонија околу 40.000 ученици го изучуваат францускиот јазик, но досега немало француско катче во книжарницiте во градот. Најави отворање на вакво катче со литература на француски јазик, главно, за помладите во книжарницата „Literatura.mk“ во соработка со Арс Ламина. Во ова катче, кое ќе започне да функционира од 15 март, ќе бидат достапни и методи за изучување на францускиот јазик.
Во соработка со хотел Мериот, на 21 март ќе започне неделата на француска кујна. Освен дегустација на француска храна, Дистрикт барот ќе биде соодветно декориран, а ќе се пушта и француска музика.
На 24 март во рамки на одбележувањето на Франкофонијата во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде отворена изложба од фото-натпреварот „Освен тоа, зборувам француски“, а ексклузивен концерт ќе одржи францускиот пејач во подем Шарл-Батист.
Два дена подоцна на 26 март во Францускиот институт ќе се одржи научна кафе-дебата „Подобра животна средина-влог во иднината“, а во рамки на „Ноќ на идеите“ во ЕУ Инфо центарот ќе се зборува за „Улогата на науката денес“ со учество на професорот Жил Беф од универзитетот „Пјер и Марија Кири“ и на „Колеж де Франс“ и на доцентот на Филозофскиот факултет во Скопје доцент Јордан Шишковски.
Освен тоа во февруари и во март, Институтот организира двојазични дебати за млади, а на крајот на март ќе се одржи и Регионалниот форум „Францускиот јазик: Предизвик и адут за професионалната иднина на младите“.
Во април, како што најавуваат од Институтот, ќе се одржат и три саеми за детска книжевност и тоа во Битола, Скопје и Тетово.
Ново на Сител
-

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
-

Сиљановска-Давкова: Патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето
-

Велешанка била измамена со СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок
