-->
-->
(ФОТО): Навивачите на Келн се тепаа со редарите на „Емирати“
-->
Навивачите на германскиот клуб Келн направија вистински хаос не само низ улиците на Лондон, туку пред и на стадионот „Емирати“ каде нивниот тим играше против Арсенал во меч од 1.коло на Лига Европа.
Откако во Лондон допатуваа речиси 20.000 навивачи на Келн беше јасно дека засите нив нема да има место на стадионот „Емирати“ бидејќи според строгите правила на УЕФА на гостинската екипа и следуваа безмалку 3.000 влезници.
За да влезат на стадионот и да го бодрат својот тим дел од германските навивачи пред почетокот на мечот се обидоа насила да влезат на трибините. Тоа беше причина, организаторот за еден час да го пролонгираат стартот на натпреварот. Откако организаторот се реши да ги отвори вратите, а дел од оние германски навивичи успеаја да влезат на „Емирати“ на трибините дојде до инцидент, односно физичката пресметка со редарите.
За среќа брзо реагираше полицијата, па до посериозни последици не дојде. Исклучок, еден навивач на „јарците“ кој се здобил со помала фрактура на главата.
Откако тензиите се смириле, натпреварот почна со еден час задоцнување, а заврши со победа на Арсенал со 3:1 иако Келн имаше преднос со 1:0 на полувремето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
