-->
-->
Форест фест во Берово и Пехчево
-->

Малешевијата се подготвува за вториот Фестивал на шумите што ќе се одржи од 13 до 15 мај во општините Пехчево и Берово.
Како што информира Марин Демировски од Општина Берово, целта на манифестацијата е да го стави руралниот развој во фокусот и да ја акцентира вредноста на шумите.
- Фестивалот ќе има едукативен, натпреварувачки, промотивен, саемски, рекреативен и забавен дел. Посетителите ќе можат да присуствуваат на промоции на книги, видеа, филмови, изложби, форуми од еколошки карактер, натпревари во шумски вештини, планински и велосипедски тури. Главниот настан ќе се одржи на Беровско Езеро во сабота, каде, според агендата, е предвиден и натпревар во шумарски вештини кои се многу атрактивни за овој регион зашто се и професионална дејност на многу наши сограѓани. Ќе има и промоција на локални производи, рече Демировски.
На фестивалот ќе има учесници од Балканот и пошироко.
- Очекуваме околу 200 учесници од целиот регион, Хрватска, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, а ќе има и предавачи од други европски држави. Освен натпреварувачки дел, предвидени се и панел дисусии, како и посета на локалитети. Среќни сме што овој Форест фест оваа година се проширува и ќе се одвива регионално и вклучена е и општина Пехчево. Овој фестивал е значаен за овој регион и сигурен сум дека во иднина ќе се развива и ќе добие национален карактер, рече Демровски.
Шумите покриваат околу 40 отсто од целокупната територија на Македонија и се важен природен ресурс за околу 60.000 сопственици на приватна шума, особено во ридско-планинските подрачја.
Фестивалот е поддржан од CNVP-Македонија, а го организираат општините Берово и Пехчево, Националното здружение на сопственици на приватни шуми и Програмата за зачувување на природата во Македонија. дт/мч/10:51
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа
-

Честитка за Денот на Европа од претседателот на Собранието Гаши
-

Меси за Роналдо: Имавме големо спортско ривалство
-

Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот
-

Мицкоски по повод 9 Мај: Не смееме да дозволиме подвигот на загинатите борци да биде заборавен или релативизиран
-

Единаесет години од „Диво насеље“- Куманово се сеќава на загинатите херои
-

Најмногу дожд во Претор
-

Трамп изјави дека сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина
