„Фолклорен мост 2017“ во Струга

Во организација на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“, вечерва во Струга ќе почне 11-тата Меѓународна манифестација „Фолклорен мост“ која финансиски е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
Традиционално манифестацијата ќе започне со дефиле на околу 100 учесници, низ струшката чаршија, а ќе продолжи со нивен настап на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
На овогодинешното издание на фестивалот учестваат КУД „Илинден“ – Струга, КУД „Дримкол“– Вевчани, КУД „Фолклористи“ – Лескоец, КУД „Везилка“ – Прилеп, КУД „Бисер“ – Кичево, Ансамбл за фолклор „Гоце Делчев“ – Битола, Фолклорен Ансамбл „Црна Гора“ – Подгорица, ФА Веселије – Симитли Р. Бугарија и Ансамбл за фолклор „Стив Наумов“ – Логоврди.
Ново на Сител
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
