-->
-->
Фјури и Кличко во рингот на 29 октомври
-->

Долго очекуваниот бокс меч за светски шампион во тешка категорија меѓу Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Владимир Кличко ќе се одржи на 29 октомври во Манчестер.
Како што пренесуваат британските медиуми, а повикувајќи се на објавата на Питер Фјури тренерот и вујко на актуелниот шампион Тајснов Фјури, кој на својот „твитер“ профил напишал: „Конечно сме тука, наскоро очекувајте објава за мечот Фјури – Кличко. Имаше многу политички глупости, но се е завршено, Манчестер Арената е резервирана за 29 октомври. Боксерите се спремни, адвокатите и промотерите исто“.
Римечот беше одложуван во неколку наврати, а последниот кој требаше да се одржи на 9 јули се одложи поради повреда на Фјури.
Британецот Фјури минатиот ноември му го нанесе првиот пораз на Владимир Кличко по 11 години по што ги освои шампионските појаси во четирите верзии (WBA, WBO, IBO и IBF) но оваа последната му беше одземена на Фјури бидејќи се реши на меч со Кличко наместо да боксува против првиот (задолжителен) предизвикувач Вјачеслав Глазков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
