Физичка пресметка на 37 годишна жена со девојки на 23 и 24 години
Две девојки на 23 и 24 години пријавиле дека 37 годишна жена физички ги нападнала откако претходно се расправрале со нејзиниот сопруг. Причина за расправијата била сообраќајна незгода. Полицијата бележи физичка пресметка во угостителски објект, како и закани по живот за жена од сопругот.
-Во СВР Тетово вчера Б.О.(24) од тетовско Нераште и А.С.(23) од тетовско Слатино во СВР Тетово пријавиле дека околу 15 часот во Нераште физички биле нападнати од 37-годишната В.Т. од ова село, откако претходно вербално се расправале со нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.
Тетовската полиција вчера бележи физички пресметка околу 20 часот помеѓу сопственик на угостителски објект и гостин.
-Во СВР Тетово пријавено е нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект на улица „121“ во Тетово, со физичка пресметка помеѓу С.С.(24), сопственик на објектот и Ќ.Ц.(38), кој престојувал во објектот, двајцата од Тетово. На пресметката и претходела нивна меѓусебна вербална расправија во угостителскиот објект. Двајцата инволвирани во тепачката приведени се во Полициската станица Тетово и се расчистува случајот, соопшти СВР Тетово.
Педесет и едногодишна жителка на тетовско село вчера во 14 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 14 часот нејзиниот 56-годишен сопруг ја навредувал и се заканувал по животот. Пријавениот, еден час подоцна, лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
