Финансова полиција и директорот Муареми денеска ќе поднесат кривична пријава до ООК
Финансова полиција и директорот Арафат Муареми до 13:00 часот ќе ја поднесат кривичната пријава до Обвинителството за организиран криминал.
Според извори на Сител, пријавата ќе биде поднесена против шефицата на обвинителството, Вилма Русковска и сите обвинители кои учествувале во претресот во Финансова полиција.
Инаку, пријавата како што велат нашите извори следува откако надзорот ги потврдил сомнежите на Муареми дека претресот бил спроведен со низа неправилности. По меѓусебните обвинувања на првиот човек на финансова и шефицата на обвинителството за организиран криминал Русковска бараше да се проверат фактите од меѓународните институции и амбасади од каде порачаа дека ова треба да се реши меѓу надлежните органи.
Истражители од Обвинителството пред три недели влегоа во финансова по пријава на група граѓани под сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. За време на претресот се чешлаа сите предмети кои биле работени од 2018 година до сега а се однесуваа на финансиски криминал.
Ново на Сител
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
-

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација
