-->
-->
Филипче во посета на Општата болница во Струмица
-->
- Министерот за здравство Венко Филипче, денеска ја посети Општата болница во Струмица и изврши увид во градежните работи на новото крило во оваа ЈЗУ.
Новото болничко крило се простира на површина од 6.500 квадратни метри, каде ќе бидат сместени најсовремен Ургентен центар и уште осум болнички одделенија.
Филипче оствари средба со раководството на Струмичката болница, на која, меѓу другото стана збор и за унапредување на Интервентната кардиолошка служба.
Болницата годишно опслужува над 200 илјади пациенти од Струмица, како и околните општини, Василево, Босилево, Ново Село.
Со отворањето на новото крило се очекува да се зголеми бројот на пациенти, кои ќе добијат поквалитетни здравствени услуги.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Бугарија бара редефинирање на македонскиот идентитет, да се обединиме со опозицијата против тоа
-

Внатрешна контрола при МВР ќе го истражува осветувањето на полициските возила
-

Клуч на врата за маркетите кои не го почитуваат законот, најави премиерот
-

Белата куќа: И воена силa е опција за завземање на Гренланд
-

Преглед на вестите од светот
-

Божиќ - Празник на Христовото раѓање
-

Балканскиот Ерусалим исполнет со верници
-

Преглед на вестите од светот
