Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
За средбта на Рубин Земон со Виктор Стојанов, лидерот на СДСМ вели дека дознал од медиумите. Оставката на Земон од Извршниот одбор, според Филипче е одличен морален чин, бидејќи вели дека ваква штета на партијата во моментов не и потребна. Ова вели дека уште еден доказ дека СДСМ не одработува за бугарските, туку исклучиво за македонските национални интереси, а тоа во моментов значи итно спроведување на уставните измени.
Филипче и денеска апелираше до Мицкоски заеднички да ја споделат одговорноста за внесување на Бугарите во Уставот за Македонија да не ја пропушти шансата за старт на преговорите.
ВМРО-ДПМНЕ пак денеска ја искористи фотографијата од средбата помеѓу Земон и Стојанов за да обвинат дека СДСМ на чело со Филипче се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија.
Дознаваме од свиркачи, дека видни членови на СДС виделе дека работата е отидена предалеку и дека преку ова не смее да се помине, па му било сугерирано на Филипче да го тргне Рубин Земон од ИО за да не му штети на СДС, а да продолжи во неговата работа, која веќе е потврдена и во јавноста со оваа фотографија позади мене. Почитувани граѓани, Како тргнал Филипче ќе остане сам со кланот Заеви. ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните нема да дозволи да се случи повторно предавство на македонските национални интереси. Доста е со понижувања, потклекнувања и потчинувања. Време е Македонија да биде горда, исправена и достоинствена, вели Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Реакциите во јавноста ги предизвика вчершната фотографија која на фб ја објави претседателот на т.н Фондација Македонија, Виктор Стојанов кој важи за исткнат антимакедонски активист во Софија кој има и доживотна забрана за влез во земјава. Иако сликата кусо по реакциите беше избришана, Земон поднесе оставка од функцијата член на Извршниот одбор на СДСМ и тврдеше дека се работи за случајна средба со Стојано во трговски центар во Софија.
-
Деспина Tодоровска
Сите содржини од овој новинар
