-->
-->
Фијон привремено се повлекува од политиката
-->

Поранешниот републикански кандидат на претседателските избори во Франција, Франсоа Фијон одлучи привремено да се повлече од политиката.
- Сега планирам да се дистанцирам и да согледам се што се случувало, истакна Фијон, додавајќи оти не планира да учествува и во изборите за Националното собрание, што треба да се одржат во јуни.
Фијом ги повика Французите при гласањето на седми мај „да се раководат од здравиот разум“.
- Програмата на Националниот фронт во економската сферта неизбежно ќе ја уништи Франција, посочи Фијон.
Тој во првиот круг од претседателските избори одржани на 23 април беше на трето место, по лидерот на движењето Напред, Емануел Макрон и лидерката на Националниот фронт Марин ле Пен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени двајца турски државјани поради криумчарење мигранти
-

Данска го совлада Исланд за финале против Германија
-

Министерството за правда на САД објави нови досиеја за Епстин, вклучувајќи 3 милиони документи и слики
-

Најмалку 12 Палестинци загинаа во израелски напади во Газа
-

Најстудено на Попова Шапка, на места утринските температури под нула
-

„Транспаренси Интернешнл“: 14 европратеници не го пријавиле износот на дополнителните приходи
-

Македонските ракометари го добиваат ривалот за баражот за Светското првенство 2027
-

Писториус: На САД им е потребна Европа
