ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, информира дека ја чека судската одлука па потоа да одлучи како ќе се дејствува околу „случајот Башкими“.
– За сите сомнителни натпревари ние добиваме дописи од УЕФА, никогаш не дејствуваме самоиницијативно, затоа што немаме и ресурси за самостојни истраги. Затоа, по секој сомнителен натпревар добиваме допис од УЕФА со прецизно изнесени податоци за нарушен интегритетот. Ние потоа ги информираме надлежните, односно испраќаме допис до МВР, а надлежните државни институции го преземаат случајот. За Башкими сум информиран дека процедурата од обвинителство е испратена во суд, со имиња и презимиња на лицата кои се обвинети за неовластено примање на подароци. Ние можеме да дејствуваме по правосилна судска пресуда. Ги суспендиравме лицата кои признаа вина. Меѓутоа, за да преземеме мерки против било кој клуб, ние мора да добиеме правосилна судска пресуда. Се додека не добиеме пресуда, Башкими ќе игра во Првата лига, изјави Омерагиќ.
Натпреварот меѓу Кожуф и Башкими е под истрага поради сознанија местење резултат.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
