-->
-->
Фетел: Шумахер е најголемиот возач во историјата на Формула 1
-->

Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, го прогласи најдобриот возач во историјата на шампионатот.
-Михаел Шумахер е мојот херој од детството и, според мене, најголемиот Формула 1 возач во историјата, дури и ако статистички тоа е Луис Хамилтон изјави Фетел за швајцарскиот весник „Tages Anzeiger“.
Шумахер дебитираше во шампионатот на Големата награда на Белгија во 1991 година. Тој има седум шампионски титули во Формула 1.
Шумахер не е виден во јавноста од 29 декември 2013-та, денот кога доживеа тешка повреда на мозокот после пад на скијање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
