Фестивалот „БитФест“ во завршна фаза

Битолското културно лето „БитФест“ ги одбројува последните фестивалски денови до свеченото затворање закажано за 27. август кога ќе се одржи традиционалната манифестација „Широк Сокак во бело“.
Од „БитФест“ информираат дека 200-те програмски настани ќе бидат комплетирани со концерти и атрактивни културни настани што ќе се одржуваат до четврток навечер кога фестивалот завршува.
- Вечер на летната сцена на Тумбе кафе ќе биде организирана поетска вечер која ќе ја приредат членовите на универзитетскиот поетски клуб „Дениција“, а истовремено во битолската Магаза концерт ќе одржат Срѓан Булатовиќ и Дарко Никчевиќ, гитаристи од Црна Гора. Утревечер на Широк Сокак ќе се одржи традиционалната трка на штикли, во музејот ќе се одржи оперски концерт посветен на Кирил Македонски, додека во магазата ќе гостуваат Васил Хаџиманов и неговиот бенд. На 26 август целовечерен концерт на Хераклеа ќе одржи поп дивата Калиопи, а „БитФест“ ќе заврши со традиционалната манифестација „Широк Сокак во бело“, информираат од фестивалскиот прес центар.
Ново на Сител
-

Последен ден на ЗОИ2026, Норвешка со најмногу медали
-

Пет тела на мигранти пронајдени на брегот источно од Триполи
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Со премиерот Мицкоски вчеравечер извршивме увид во градежните активности на булеварот „Македонија“
-

Трамп најави дека ќе испрати болнички брод во Гренланд
-

Осумдесет политички затвореници се ослободени во Венецуела, изјави претседателот на Парламентот
-

Прочка - празник за проштавање и покајание - како, кому и колку да простуваме
-

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка
