Фаучи: САД мора да се држат до стратегијата за две дози вакцина

САД мора да се придржуваат до стратегијата за давање две дози при примената на вакцините развиени од компаниите Фајзер/Бионтек и Модерна, истакна водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи.
Фаучи за „Вашингтон пост“ изјави дека е ризично да се одложи втората доза на вакцината со цел да се вакцинираат повеќе Американци.
Тој додаде дека примената на стратегијата за давање една доза може да доведе до тоа луѓето да бидат помалку заштитени, да овозможат ширење на мутациите и да го зголемат скептицизмот кај оние Американци кои не сакаат да се вакцинираат.
– Им кажуваме на луѓето дека треба да земат две дози … и потоа им велиме: Упс, се премисливме?, праша Фаучи.
Тој додаде дека во понеделникот разговарал со британските здравствени власти, кои одлучија да ја одложат втората доза со цел да се зголеми бројот на луѓе што ќе примат вакцина што е можно поскоро.
Фаучи рече дека примената на таквата стратегија нема да има смисла во САД.
Тој додаде дека науката не поддржува одложување на втората доза за овие вакцини и посочи на истражување посветено на фактот дека давањето две дози развива доволна заштита од позаразните мутации, додека употребата на една доза може да ги доведе Американците во ризик од видовите како што е оној кој првпат беше откриен во ЈАР.
– Не знаете колку е трајна таа заштита, рече Фаучи.
Фаучи во неделата ги повика Американците да примат која било од трите вакцини достапни во САД, вклучувајќи ја и неодамна одобрената вакцина на Џонсон и Џонсон.
Ново на Сител
-

44-годишен затвореник преку телефон и се заканил на сопругата дека ќе ја убие кога ќе излезе од затвор
-

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар - водата е чиста и безбедна за пиење
-

АХВ за овчата сипаница: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Република Турција
-

Осум активни пожари низ државата
-

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница
-

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
-

Костадиновски - Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
-

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП
