Фајненшл тајмс: Американскиот мировен план за Украина е намален од 28 на 19 точки

Мировниот предлог на САД за завршување на војната во Украина е намален од првичните 28 точки на 19, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Кои наводно не кажаа кои елементи од мировниот план се отстранети.
Откако американските и украинските делегации вчера се состанаа во Женева, двете страни објавија напредок во напорите за завршување на војната со Русија, но не дадоа детали за тоа како ќе се решат некои длабоки разлики меѓу Москва и Киев.
Во разговор со новинарите по еднодневните разговори со украинските и европските претставници, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека е постигнат огромен напредок.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска излезе со кус коментар за преговоруте во Женева.
„Дали е навистина можно да се постигне голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина??? Не верувајте додека не го видите, но можеби се случува нешто добро“, објави тој утринава на својата социјална мрежа Truth Social.
Пред разговорите, европските лидери изразија загриженост за делови од планот, вклучувајќи ги и барањата кои се однесуваа на санкциите против Москва и замрзнатите руски суверени средства, за кои тврдеа дека ЕУ треба да одлучи.
Лидерите на ЕУ денеска разговараа за напредокот од Женева и одлучија за тоа како најдобро да се продолжи, изјавија претставници вклучени во подготовките.
Меѓутоа, како што рече Рубио, конечниот текст на договорот ќе треба да биде одобрен од украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп пред да биде испратен во Москва.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ избра ново раководство - голем дел од членовите остануваат на истите позиции
-

30 уреди за мерење на бучава ќе ловат кои угостителски објекти пуштаат гласна музика и ги вознемируваат граѓаните
-

Централниот одбор на СДСМ избира ново раководство на партијата
-

Тема на денот со Анџела Агелер, амбасадорка на САД во земјава
-

СДСМ вечерва бира ново раководство
-

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

СДСМ ја напушти седницата за пратенички прашања – немало да разговараат за Резолуцијата на мнозинството
-

СДСМ со платформа МИЦКО.мк ги повика граѓаните да пријават корупција, партијата избира ново раководство
