-->
-->
Ф-1: Светскиот првак на чекор до 100-тата пол позиција
-->

Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Емилија Ромања. Актулниот светски првак, во квалификациите, зад себе ги остави возачите на Ред Бул Серхио Перез и Макс Ферстапен.
Седумкратниот светски првак, на легендарната патек аво Имола, ја освои 99. пол-позиција во кариерата. Најбрзиот круг, што го извозе Хамилтон, во квалификациите, изнесуваше 1:14.411 минути.
Британецот за „влакно“, заврши пред двоецот од Ред Бул, Перез задоцни за 35, а Ферстапен за 87 илјадити делови од секундата.
Во квалификациите разочара вториот возач на Мерцедес, Валтер Ботас. Финецот, кој доминираше на првиот и вториот слободен тренинг, во квалификациите направи премногу грешки и го освои осмото место.
Зад Хамилтон, Перез и Верстапен, трката ќе ја стартуваат Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Алфа таури), Даниел Рикардо (Мекларен), Ландо Норис(Мекларен), Валтери Ботас (Мерцедес), Естебан Окон (Алпин) и Ленс Строл (Астон Мартин).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Специјализација за интерна и општа хирургија од новата академска година
-

Протест на културните работници
-

Петиција да се забранат социјалните мрежи за деца под 12 години во Македонија
-

Европските аеродроми бараат флексибилност во функционирањето на системот за влез/излез
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
