Европски ден на еврејската култура во Македонија

Еврејската заедница во Репбулика Македонија ќе го одбележи Европскиот ден на еврејската култура.
Оваа манифестација се одржува паралелно во 32 европски земји, а еврејската заедница во Македонија ја одбележува по јубилеен десетти пат.
Годинава темата на Европскиот ден е „Мостови“, а секоја година различно ја одредува Европската асоцијација за зачувување и унапредување на еврејската култура и наследство.
Под режисерската палка на Снежана Коневска-Руси, претставата „Мостови“ ја продолжува приказната за младите Симона и Давид, главните протагонисти од Европскиот ден во 2013 година - „Јудаизам:аманет за природата“. Преку музика, танц, и глума, на сцената ќе прикажеме еврејски и македонски обичаи во единствена симбиоза преку симболот на мостовите - спој на различните култури, религии и етникуми.
Ново на Сител
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
