-->
-->
Евролига: Бамберг конечно подобар од ЦСКА Москва
-->

Во кошаркарската Евролига во ТОП 16 фазата во 12.коло Бамберг со победата над фаворитот во групата ЦСКА Москва направи изненадување бидејќи ова е прва победа за германскиот тим во меѓусебните дуели со шампионот на Русија по претходните единаесет порази. Николо Мели со 17 поени беше најефикасен кај домашниот тим, додека Никос Зизис и леон Радошевиќ постигнаа по 14. За ЦСКА Москва е важно што веќе има обезбедено пласман во четвртфиналето.
Тоа вчера успеа да го направи и Локомотов Кубан по триумфот над Црвена Звезда, а важна победа постигна и Панатинаикос на гостувањето кај Дарушафака.
Резултати и двојки од 12.коло од ТОП 16 фазата.
Е група: Локомотив Кубан – Црвена Звезда 86:62, Дарушафака – Панатинаикос 84:86. Цедевита – Фенербахче и Анадолу Ефес – Малага играат вечерва.
Табела Е група: Фенербахче 10-1 (победи-порази), Локомотив Кубан 8-4, Панатинаикос 8-4, Црвена Звезда 7-5, Анадолу Ефес 5-6, Малага 3-8, Дарушафака 3-9, Цедевита 2-9.
Ф група: Лаборал – Барселона 75:71, Бамберг – ЦСКА 91:83. Жалгирис – Химки и Олимпијакос – Реал Мадрид играат вечерва.
Табела Ф група: ЦСКА Москва 8-4, Лаборал 8-4, Реал Мадрид 6-5, Барселона 6-6, Бамберг 6-6, Химки 5-6, Олимпијакос 5-6, Жалгирис 2-9.
Пласман во четвртфиналето досега имаат обезбедено: Фенербахче, Локомотив Кубан (Е група) и ЦСКА Москва (Ф група).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожар во велешката месност Дорутовец, активирани два авиона „ер трактор“
-

Пожар на грчкиот остров Парос - пораки за евакуација на пет села
-

Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци
-

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства
-

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица – итно префрлена на Токсикологија
-

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија
-

При претреси во Куманово пронајдени дрога и оружје, приведени три лица
