Еврокомисијата без коментар за оставката на Заев
Европската комисија се воздржува од коментар за најавата на премиерот Зоран Заев дека поднесува оставка, поради резултатите на локалните избори, јави дописничката на МИА од Брисел.
МИА побара реакција за оставката на премиерот Заев, но од Европската комисија кусо прокоментираа дека земјата „треба да продолжи со реформите за ЕУ“, без повеќе детали.
Што се однесува до самите избори, Европската комисија смета дека врз основа на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР изборите биле конкурентни и дека се почитувале темелните слободи. Изборната администрација е пофалена за справувањето се „некои административни недостатоци од првиот круг“.
– Сепак негативната реторика и наводите дека имало притисоци врз гласачите и кандидати продолжија да влијаат врз изборите, изјави за МИА, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро.

Комисијата бара од властите и сите инволвирани чинители „навремено и на инклузивен начин ефективно да се справат со преостанатите препораки на ОБСЕ/ОДИХР“.
– Ги охрабруваме новите градоначалници и членовите на општинските совети да придонесат кон напредување на ЕУ агендата за реформи во интерес на сите граѓани, велат од Брисел.
На прашање дали Европската Унија чувствува било каква одговорност за изборните резултати и оставката на премиерот поради блокираните евроинтеграции, Европската Комисија не даде одговор.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
