Еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност во доцните попладневни часови се очекува извесно зголемување на облачноста а во вечерните часови можен е краткотраен локален дожд со ретки грмежи, особено во северозападните планински подрачја на земјава.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утрнската температура во земјава ќе биде во интервалот од 9 до 17, а највисоката дневна 27 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.
Во Скопје времето утре ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб ветер од југозападен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до околу 14, а највисоката дневна ќе достигне до 33 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Локална нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со грмежи се очекува и в четврток. Но во попладневните часови од север ќе се спушта постуден воздух проследен со умерен, а долж Повардарието и со засилен северен ветер, кој ќе предизвика пад на дневната температурура на воздухот за 3 до 5 степени. Потоа за викендот следува стабилно но малку посвежо време.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дејан Пројковски
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
-

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата
-

Жестоки мерки за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики, најави Мицкоски
-

Мицкоски за Усје: Не можеме на никого да му влеземе дома и да му кажеме да ја пресели куќата
-

Дежурните служби во Скопје полни со болни пациенти
-

Отворена нова градинка во Сопиште
-

По децении чекање, државни старечки домови конечно на повидок
