Евакуации на островот Бали во очекување на вулканска ерупција

Индонезиските власти извршија евакуација на 96.000 жители од населените места во близина на вулканот Агунг на островот Бали, каде се очекува силна ерупција.
Сеизмичките потреси околу вулканот, според експертите, укажуваат дека ерупција може да се случи во секој момент и дека вжештената магма се качува низ вулканот.
- Шансите да дојде до ерупција се многу високи, но не можеме да предвидиме кога тоа ќе се случи, изјави Сутопа Пурва Нугроха, портпарол на индонезиската агенција за кризни состојби. Дополнително, авионските компании се известени за опасноста и направени се планови за пренасочување на летовите кои би можеле да бидат зафатени од ерупцијата.
Вулканот е познат по серијата ерупции во 1963 и 1964 година, кога 1.700 жители загинале, а облаците чад се издигнале десетици километри во височина.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДМПНЕ: СДСМ работи за партии во други држави
-

Казахстанскиот министер за интеграции во посета на Македонија
-

Земјоделските задруги клучни за подобрување на конкурентноста
-

Аграрот старее, младите се повлекуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
