-->
-->
ЕУРО 2016: Германија прва со победа од два разлика
-->

Репрезентацијата на Германија синоќа постигна победа над Украина со 2:0 со головите на Шкодран Мустафи и на Бастијан Швајнштајнгер. Ова беше вториот натпревар од групата Ц каде во попладневната програма Полска ја победи Себерна Ирска со 1:0.
Германците поведоа преку Мустафи во 19.минута, а Украина во првиот дел имаше и неколку шанси за изедначување. Откако не ги реализираа своите шанси и од вториот дел Швајнштајнгер во 90+2 минута ги постави конечните 2:0 што засега е најубедлив триумф на една селекција на ЕУРО 2016.
Во групата Ц Германија е прва со 3 бодови, пред Полска која има истотолку, Северна Ирска и Украина се без бодови. Во следното коло од групата играат Германија – Полска и Северна Ирска – Украина.
На третиот натпревар одигран вчера од групата Д Хрватска ја победи Турција со 1:0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
-

„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
