ЕУ: Засега нема знаци за недостиг од авионско гориво во Европа

Комесарот за транспорт на Европската Унија, Апостолос Цацикостас, изјави денес дека засега нема знаци за недостиг на авионско гориво во Европа во наредните месеци, и покрај отежнатиот транспорт на нафта преку Ормуската Теснина.
Тој рече дека моментално нема проблеми со снабдувањето со млазно гориво во Европа и дека не се очекува недостиг во блиска иднина.
Според него, најзагрозени се регионалните аеродроми, а главната загриженост произлегува од наглиот раст на цените на горивото.
Поради тоа, дел од авиокомпаниите веќе почнуваат да откажуваат линии што не се економски исплатливи.
Комесарот посочи дека патниците можеби нема да се соочат со покачени цени на авиобилетите до крајот на оваа или почетокот на следната година, но дека ситуацијата е различна од компанија до компанија.
Тој предупреди дека ситуацијата би можела да стане „многу тешка“ до крајот на годината, доколку продолжи прекинот на снабдувањето со нафта од Блискиот Исток.
Ормуската Теснина, клучната поморска рута меѓу Персискиот Залив и светските пазари, е делумно блокирана во последните три месеци, што значително го намали глобалното снабдување со нафта.
ЕУ засега ги ублажува последиците преку увоз на горива од САД и Нигерија, но властите предупредуваат дека долгорочна блокада би можела да има сериозни економски последици.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
