ЕУ викендов нема да разговара за Брегзит

Европската унија го отфрли барањето на Велика Британија за разговори за Брегзит викендов, објавија денеска британските медиуми.
Европската комисија соопшти дека новата понуда на британскиот премиер Борис Џонсон не дава основа за финализирање на договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, објави „Скај њуз“.
Разговорите за планот на Џонсон за прашањето за ирската граница нема да се одржат овој викенд, потврди портпаролката на ЕК, Наташа Берто за Скај.
Таа додаде дека на Велика Британија во понеделник ќе и биде дадена „втора шанса детално да ги презентира своите предлози“.
– Ако имавме разговори во текот на викендов, тоа би изгледало како да станува збор за вистински преговори, а ние сме далеку од тоа, изјави европски дипломат за „Тајмс“.
Борис Џонсон повтори дека нема да бара одложување на Брегзит.
– Нов договор или без договор – но нема одложување, напиша Џонсон на Твитер.
Сепак, неговата Влада за првпат вчера призна дека Џонсон ќе испрати писмо до ЕУ во кое ќе побара одложување на Брегзит доколку не се постигне договор до 19 октомври.
Ново на Сител
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
