ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

Шефицата на Технолошкиот комитет на Европската комисија, Хена Виркунен, денеска изјави дека не ја исклучува можноста за одложување на примената на одредени делови од Законот за вештачка интелигенција, наменет за ограничување на ризиците при користењето на вештачката интелигенција.
„Ако видиме дека стандардите и упатствата не се подготвени на време, не треба да ја исклучиме можноста за одложување на некои делови од Законот за вештачка интелигенција“, рече Виркунен во Луксембург за време на состанокот со министрите за дигитални науки на ЕУ.
Првите правила во светот за ограничување на ризиците од ВИ беа договорени на крајот на 2023 година и постепено ќе стапат во сила во текот на следната година и пол, при што првите ограничувања ќе стапат на сила во февруари, а следните клучни датуми ќе бидат во август 2025 и 2026 година.
Ново на Сител
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
