-->
-->
ЕУ ќе одвои 1,2 милијарди евра помош за Италија по земјотресите
-->

Европската унија ќе одвои 1,2 милијарди евра за Италија за справување со последиците од катастрофалните земјотреси во централниот дел на земјата, се наведува во соопштение од прес-службата на Европскиот парламент.
Во 2016 и 2017 година, во силни земјотреси во областите Абруцо, Лацио, Марке и Умбрија загинаа вкупно 333 лица. Повеќе од 30.000 луѓе беа евакуирани. Земјотресите, исто така, предизвикаа сериозна штета на регионалната економија.
Средствата за Италија ќе бидат исплатени од Фондот за солидарност на ЕУ. Тие ќе бидат наменети за финансирање програми за поправка на оштетената инфраструктура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
