ЕУ ги продолжи економските санкции на Русија за шест месеци

Европската унија ги продолжи за шест месеци економските санкции воведени на Русија од 2014 година поради нејзината нелегална анексија на Крим и дестабилизација на Украина и ја разгледува можноста за воведување нови мерки против Москва.
Договорот допрва треба да биде одобрен од министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот на 12 јули, велат дипломатски извори за француски медиуми. Потребна е едногласна одлука за санкциите.
ЕУ воведе три групи санкции по руската анексија на Крим: забрана за сите инвестиции на Крим и Севастопол, црна листа на лица и компании обвинети за учество во дестабилизација на Украина и економски санкции за руски банки, одбранбени и нафтени компании. ЕУ исто така забранува финансиски инвестиции во Русија.
Целта на мерките е да се принуди Русија да се откаже од своите активности за дестабилизација на Украина.
Сепак, таа логика како одговор на руската агресија и провокации се покажа како „неефикасна“, рече францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела за време на дебатата за Русија на самитот на ЕУ во Брисел.
Ново на Сител
-

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
-

35-годишен маж затекнат сред обид за кражба во стан - приведен откако го нападнал совственикот
-

„Хероите живеат вечно“ мурал во чест на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски - бранители од Диво Насеље
-

44-годишен маж нападнал тројца соседи поради нерасчистени имотно-правни односи
-

Скопјанец измамен за сума од 338.250 денари
-

Скопјанец прегазил 70-годишно лице во инвалидска количка
-

Мотоциклист тешко повреден по сообраќајка во Скопје
-

Штипско училиште ги забрани телефоните но и грицките и обоените сокови
