Ердоган: Турција нема да преземе еднострана операција против ИД во Рака

Турција ги поддржува плановите за протерување на Исламска држава од сирискиот град Рака, од страна на антиџихадистичката коалиција предводена од САД. изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тој додаде дека Турција нема да дејствува еднострано за ослободување на Рака, но оти ќе се вклучи во операцијата на коалицијата.
Во исто време шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека сирискиот град Ал Баб, кој се наоѓа на 40 километри јужно од турско-сириската граница, како и Рака, ќе бидат следните цели, кои ќе бидат ослободени од ИД.
Турција подолг период бара создавање на безбедносна зона на границата со Сирија со цел да се протераат борцита на ИД и да се прекине мигрантскиот бран. Но, западните сојузници се уште не го прифаќаат предлогот, истакнувајќи дека тоа бара значителни копнени сили и авиони кои би патролирале над зоната.
Чавушоглу наведе дека европските лидери го поддржуваат предлогот за создавање на безбедносна зона, но оти САД се уште размислуваат.
Ново на Сител
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
