Ердоган со повик до Грција: Отворете ги вратите за мигрантите
Т
урскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Грција треба да им овозможи на мигрантите да одат во други европски земји бидејќи растат тензиите на границата меѓу двете држави.
Грција, овие луѓе не доаѓаат кај вас да останат, тие доаѓаат и одат во други европски земји“, рече тој во Истанбул, пренесува Хина.
„Зошто тоа ви пречи?“, Додаде тој. „Само отворете ја вратата за нив“.
Ердоган ја критикуваше Грција за нелегално враќање на мигрантите во Турција и „тепање“, „убивање“ и „измачување“.
Турција ги обвини грчките безбедносни сили дека пукале во двајца мигранти на границата минатата недела, нешто што Атина го негира.
Грчката влада во неделата објави ноќно видео од границата, на кое, наводно, се гледа како турско воено возило отстранува ограда.
Турскиот претседател ќе отпатува за Брисел во понеделник на разговори за договорот од 2016 година меѓу Турција и Европската унија, како и за ситуацијата во северозападна Сирија.
Тој ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, потврди портпаролот на Ердоган.
Анкара и Брисел имаат договор според кој Турција ги запира мигрантите на пат кон Европа, како замена за европска финансиска помош.
Ново на Сител
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
-

Како да добиете обештетување доколку имате штети од невремето во вторникот?
-

Недоволна наплата на даноци: Општините пропуштиле милионски приходи
-

„Сувото одлагалиште“ ја заштитува средината - светски експерти го поздравуваат рударскиот метод кој е најавен и во проектот во Иловица
