Ердоган: Референдумот на ирачките Курди е грешка и закана за територијалниот интегритет на Ирак
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска остро ја критикуваше одлуката на властите во ирачкиот регион Курдистан за одржување референдум за независност, нарекувајќи го овој чекор грешка и закана за територијалниот интегритет на земјата.
![]()
- Чекор кон независност на северот од Ирак е грешка и закана за територијалниот интегритет на Ирак, кој ние секогаш го браневме и ќе продолжиме да го браниме, рече Ердоган, кој смета дека „референдумот никому не му е во интерес“, пренесоа француските медиуми.
Турција се гордее со своите добри односи со автономната Курдистанска регионална Влада (КРГ) на север од Ирак, чиј лидер Масуд Барзани е чест гостин во Анкара, но Турција секогаш вниматепно го следи секој потег во правец на целосна независност на овој регион, напоменуваат француските медиуми.
Барзани на 7 јуни најави дека на 25 септември во курдските области од Ирак ќе се одржи референдум, а на гласачите ќе им биде поставено прашањето дали сакаат посебна држава.
Гласањето не е обврзувачко, но овој потег го вознемири Багдад.
Анкара и натаму се бори против бунтот на Курдската работничка партија (ПКК) која повеќе од три децении се обидува на Курдите да им обезбеди автономија на југоистокот од Турција, при што досега десетици илјади лица го загубиле животот.
Повеќето Курди се сместени меѓу Иран, Ирак, Сирија и Турција, но само во Ирак се стекнаа со призната автономија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
