-->
-->
Ердоган: Можни се нови промени во Владата
-->

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави можни нови промени во Владата по оставката на министерот за внатрешни работи Ефкан Ала во средата.
Тој, меѓутоа, истакна дека не е информиран за било какви конкретни потези на премиерот Бинали Јилдирим.
- Можеби, како што минува времето, би можеле да видите слични промени во другите министерства, но не сум слушнал од премиерот. Нашата Влада го продолжува одлично својот пат, нагласи Ердоган.
Засега не е позната причината за оставката министерот за внатрешни работи, која се случи во момент додека Турција се пресметува со луѓето кои ги сомничи за поврзаност со неуспешниот обид за пуч на 15 јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стармер го повика поранешниот принц Ендрју да сведочи за врските со Епстин
-

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени
-

Мицкоски и Ѓорѓиевски на изградба на првата фаза на булевар „Македонија“
-

Нова победа стара доминација, Волкановски ја одбрани светската титула
-

Најмногу дожд во Гевгелија, Крушево и во Битола
-

Нов круг мировни преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби, без претставници на САД
-

Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации
-

Со меѓународна поддршка започнува 8. сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“
