ЕПП без коментар за блокадата на Борисов во Советот на ЕУ

Европската народна партија, ЕПП, нема коментар за блокадата на владејачката партија во Бугарија, која е и членка на ова политичко семејство во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Откако сите најголеми политички партии во Европскиот Парламент повикаа да се деблокира ситуацијата во Советот на ЕУ и Бугарија да го крене ветото за преговарачката рамка со Македонија, МИА побара реакција и од Европската народна партија, единствена која до сега молчеше на оваа тема.
Во Европската народна партија членуваат владејачката ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов, како и македонската ВМРО – ДПМНЕ.
На прашање кој е ставот на ЕПП, најголемата политичка партија во ЕУ и највлијателна во сите институции на ЕУ, за блокадата на преговорите со Македонија, од нивната прес – служба кусо одговорија „немаме коментар“.
Во Европската народна партија членува партијата на германската канцеларка Ангела Меркел, од каде доаѓа и претседателката на Европската Комисија, Урусла фон дер Лајен.
На денешниот редовен брифинг на Европската Комисија беше исто така побаран став од оваа институција за блокадата во Советот на ЕУ, поради која не може да напредува ниту Албанија, а за сега не е планирано ни усвојување на заклучоците за другите земји од западниот Балкан.
Портпаролката Ана Писонеро повтори дека Европската Комисија останува посветена на ЕУ перспективата за регионот и дека за ова прашање треба согласност на земјите членки на Унијата. Таа потсети дека Комисијата го поддржува регионот во борбата против пандемијата од Ковид-19 како и со предлогот за новата методологија за преговори и инвестицискиот план за регионот.
-Би сакале првата меѓувладина конференција да биде свикана што е можно побргу, знаеме каде се наоѓаме и Советот треба да се согласи за преговарачките рамки, рече Писонеро.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
