Елмас и Димитриевски втор пат позитивни на коронавирус

Македонскиот фудбалски репрезентативец во редовите на Наполи, Елиф Елмас, е неизвесен за настап на првенственото дерби против Јувентус, идниот понеделник поради позитивен наод на коронавирус.
Елмас по новогодишните празници требаше да се врати од Скопје во Неапол, но поради позитивен ПЦР тест, што му бил направен во четвртокот вечер, следните денови ќе остане во домашна изолација.
– Елиф Елмас е позитивен на коронавирус на тестирањето извршено во Македонија пред неговото враќање во Италија. Фудбалерот е вакциниран и нема симптоми, и ќе остане во изолација во својот дом, соопшти синоќа Наполи.
Елмас по втор пат е позитивен на Ковид-19, откако беше заразен со вирусот и во октомври минатата година кога отсуствуваше од терените три недели.
И Столе Димитриевски празниците ќе ги мине во изолација. Тој е еден од фудбалерите на Рајо Ваљекано кои биле позитивни на вирусот. Шпанците пишуваат дека ситуацијата со коронавирусот во Рајо е сериозна.
Поради големиот број на заразени неизвесно е дали ќе се игра мечот Атлетико-Рајо на 2 јануари.
Ново на Сител
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
-

Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026
-

Мицкоски: За скопската вода опозицијата проба да создаде хистерија, за гостиварската Владата не е одговорна, напротив – таа помогна
-

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
-

Уапсен дилер на дрога од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра
-

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид - Кичево
-

Уапсени две лица од Битола и Прилеп поради предизвикување пожари
