ЕЛЕМ ќе го зголемува домашното производство на струја

Управниот одбор на АД ЕЛЕМ прави се што е во неговите можности да се зголеми производството и да се минимизира потребата од увоз на електрична енергија или да не се увезува до крајот на годинава, најави генералниот директор Драган Миновски на денешната прес-конференција.
Тој нагласи дека производството во ЕЛЕМ во последните десетина години се движело во многу лош правец и од година на година постојано опаѓало. Во 2006 година, како што рече, биле произведени 6.510 гигават часови електрична енергија, во 2013 - 5.113, во 2016 - 4.300 гигават часови, а годинава се очекува да бидат произведени 3.600 гигават часови или за 400 помалку од потребите на тарифните потрошувачи.
- Во моментов се прават анализи за работењето на претходното раководство, а главна причина за намаленото производство се ремонтите на трите блока на РЕК Битола каде не се извршени навреме редовните годишни ремонти, како и лошата модернизација на вториот и третиот блок во РЕК Битола која чинела 66 милони евра и со која е намален капацитетот на блоковите за 40 мегавати на час поради што компанијата изгубила повеќе од 130 милиони евра, рече Миновски.
Додаде дека веќе е завршен ремонтот на вториот блок во РЕК Битола, до крајот на месецов треба да заврши на првиот, а во октомври да почне ремонтот на третиот блок.
Се прави целосен и, како што кажа Миновски, квалитетен ремонт со цел успешно да се произведува во зимата. Во ТЕЦ Осломеј се вршат активности на терен за да биде спремна термооелектраната за производство и се прават напори да се обезбеди јаглен бидејќи веќе се искористени ископите.
- Претходното раководство не ги ремонтирало капацитетите и не ги подготвило за есента и за поголемата побарувачка во грејната сезона. И сега кога треба засилено да произведуваат, тие треба да бидат запрени за да работиме на нив. Направило тоа што било најлесно за да произведе електрична енергија. Ги впрегнало хидроцентралите до крајна мерка. Поради тоа лошо менаџирано празнење и поради недоволните дотеци на почетокот на оваа година, во моментов сите акумулации се толку исцрпени и потрошени, што нивото на водата во нив е спуштено под нивото потребно за безбедно и стабилно управување со системот, посочи Миновски.
Прецизира дека еден генератор во ХЕЦ Козјак е во дефект од септември минатата година и воопшто не се преземни активности за негово оспособување.
- На 7 август при примопредавањето на сметката на АД ЕЛЕМ имаше 7,3 милиони евра расположливи средства, но до крајот на годинава ЕЛЕМ треба да плати кредити во износ од 12,5 милиони евра. Што значи дека на сметката влегуваме во минус. Исто така, на сметката на АД ЕЛЕМ имаше депозити во износ од 17,8 милиони евра, но тие се средства планирани за ремонтите во термоелектраните кои се вршат во моментот и за ископот на јаглен и јаловина во РЕК Битола до крајот на годината, како и за евентуалните набавки на електрична енергија во текот на зимскиот период, појасни Миновски.
Прашан зошто беше неуспешен тендерот за набавка на гумени ленти итраки за РЕК Битола, Миновски рече дека од петте лота само за четвртиот била понудена сума според буџетските предвидувања, а за другите биле понудени повисоки понуди. Тендерот бил објавен лани во септември кога бил и утврден неговиот буџет. Миновски истакна дека тендерската комисија во моментов ги разгледува понудите и додаде дека во текот на наредната недела ќе може да излезе со конкретни податоци.
Ново на Сител
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
-

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
